Еден брачен пар од Шведска, кој преку интернет резервирал летување, по сопствена грешка, наместо во Рејкјавик на Исланд, каде планирале да го поминат одморот, допатувеле во Риека.


Аке и Мајне Џонсон отпатувале со полни куфери топла облека, а по слетувањето сфатиле дека ја промашиле крајната дестинација, на сончевото и топло хрватско приморје. Моментално се одмораат на островот Крк, каде температурата е далеку повисока отколку на Исланд.

Џонсонови велат дека одлично се забавуваат, но во иднина повеќе ќе внимаваат кога ќе вршат резервации преку интернет.