Продолжениот празничен викенд го донесе и првиот поголем бран туристи во Охрид. Покрај домашните, најбројни на ривиерата се гостите од соседните земји и регионот. Тие се одушевени од убавините на Охрид и богатото културно наследство, но не и од новите градби и споменици.
Сместувачките капацитети во Охрид за Велигден и 1ви Мај се испонети над 80 отсто, што според хотелиерите е добра најава за претстојната туристичка сезона. Утре на охридскиот аеродром се очекува да слета првата група туристи од Холандија, со што и официјално ќе започне новата туристичката сезона во Охрид.
OhridNews