На 28.07.2009 година во 02.30часот во Охрид во куќа во која престојувале како туристи Б.Ѓ. (28) и М.С.(22) извршен е претрес при што се пронајдени 65 таблети екстази, 370 грама марихуана и 17 пакувања со вкупна количина 4,3 грама хероин.

Утврдено е дека Б.Ѓ. и М.С. откако претходно во Прилеп набавиле одредена количина дрога, во Охрид ја нуделе и продавале на наркозависници за време на одржување на забави. Против истите е поднесена кривична пријава за кривично дело „ неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстнаци и прекурсори“ , а истражниот судија им одреди мерка притвор во траење од 30 дена, сооптши полицијата.  
 
Еден ден претходно на плажата „Градиште“ од страна на полициски службеници од Охрид се затекнати четири лица, двајца српски,еден шведски и еден македонски дражавјанин при уживање на опојна дрога марихуана. По документирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираше МВР.

Ohridnews