Неименувано момче, според достапните информации државјанин на Саудиска Арабија, допатува во Лоднон во друштво на пријателите на годишен одмор. Но, како не би пропуштил да се покаже, со себе ги довезе и своите четири скапоцени автомобили, сите четири обложени со злато.

 

Така граѓаните на англискиот главен град на улиците ќе можат да видат четири возила со вкупна вредност повисока од милион долари, и тоа Mercedes G63 AMG 6×6 (£370,000), Bentley Flying Spur (£220,000), Rolls-Royce Phantom Coupe (350.000) i Lamborghini Aventador SV (£350,000). Колку мисли да остане и евентуално да потроши не е познато, но затоа медиумите веќе добија информација дека го посеи Белграви, предел во западен Лондон во кој куќите во просек чинат пет милони фунти. Дали таму ќе си купи викендица, останува да покаже времето.