Во една црква во Глазгов, турист од Кина наводно го снимил духот на Лејди Ди. Истражувачите на надреалното веќе ја проучуваат снимката.
Писател за надреалното, Мајкл Кохен, кој ја добил снимката, вели дека се работи за еден од најдобрите филмови кој досега го видел. Тој и неговите колеги се обидуваат да ја потврдат автентичноста на духот од филмот.
“Може да се работи за бизарна визуелна измама, но би можело да биде и вистински дух, а дури можно е да се работи и за Лејди Ди. Духовите често се појавуваат на места кои се поврзани со нивните животи и семејството, понекогаш за да предупредат некој кој ќе биде во опасност“, вели Мајкл Кохен.
Туристот од Кина не забележал ништо необично додека не се вратил дома и повторно не ја прегледал снимката.