Тинејџер, 18-годишен, со шлем на главата, маска на лицето, елек, секира на појасот и нож в раце, влегол во чајџилница во турскиот град Ескишехир и повредил пет лица.
Напаѓачот бил фатен и приведен, по пријава на полицаец кој го видел инцидентот. Момчето, според наводите, го извршил нападот „под влијание на компјутерски воени игри што тој ги играл“ во играчниците во својот град.
Осомничениот е приведен, а петтемина повредени од неговиот напад се префрлени во околните болници. Меѓу нив има и две лица со потешки повреди опасни по живот.
OhridNews