Процесот на тестирање на прототипот на првиот турски автомобил ТОГГ оди според планот. Како што јави Агенцијата Анадолија, управата на ТОГГ на профилот на Твитер објави дека се извршени аеродинамични и аероакустични тестирања на возилата. Објавена и фотографија со вработените кои работат на првиот турски автомобил ТОГГ.
Процесите на тестирање на прототипот на нашето возило напредуваат во согласност со плановите. Денеска се извршени сите аеродинамични и аероакустични испитувања на ТОГГ“, се наведува во соопштението.
Првиот сериски произведен автомобил ќе излезе во последното тримесечје на 2022 година. Годишниот проектиран производствен капацитет ќе биде 175.000 возила, за што ќе бидат ангажирани 4.300 работници. На почетокот на производството, домашниот удел ќе биде 51 отсто, додека во 2025 година уделот ќе достигне 68 отсто. До 2030 година се планира производство на електрични и хибридни пет различни модели на автомобили.
OhridNews