Турција доставила отворена понуда до Европската фудбалска федерација (УЕФА) за самостојна организација на Европското првенство, пренесува шпанскиот АС. Континенталниот собир на најдобрите фудбалски репрезентации треба да се одржи во јуни и јули оваа година.

Турците се надеваат на позитивен одговор бидејќи се во добри односи со УЕФА и претседателот Александар Чеферин. Во прилог на Турција оди фактот дека корона вирусот кој го парализираше фудбалот во Европа воопшто не проширен во земјата и заразени се само 10 луѓе.

Националните федерации притискаат да се одложи Европското првенство и шампионатите во земјите да се доиграат после стабилизирање на состојбата со коронавирусот. Од друга страна, УЕФА, утре (вторник), треба да донесе конечна одлука за бараж натпреварите, Европското првенство и клупските натпреварувања Лигата на Шампиони и Лигата на Европа.

OhridNews