ТТурција ќе и донира 30 илјади вакцини Синовак на РС Македонија.
Министерот за здравство Венко Филипче за ова информираше со статус на неговиот Фејсбук профил.
Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган ни соопшти дека ни донираат 30.000 вакцини од производителот Синовак. Овој гест на солидарност е уште еден показател за искреното пријателство и соработка меѓу двете земји. Голема благодарност до турскиот народ и претседателот Ердоган, објави Филипче на Фејсбук.
Тој вчера заедно со премиерот Зоран Заев беше во еднодневната работна посета на Турција.На работната вечера вчера во Истанбул станало збор за взаемните пријателски односи меѓу двете држави исполнети со динамична соработка во повеќе области, информираше владината прес-служба.
Заев на средбата со Ердоган ја потенцирал, како што стои во соопштението од Владата, исклучително добрата економска соработка меѓу двете земји и нагласениот интерес на турските компании да инвестираат во Северна Македонија и да ги продлабочуваат деловните и трговски врски. Од турската страна било потенцирано дека Турција ќе продолжи да ја помага С. Македонија во борбата против пандемијата, со желба да се продлабочи соработката и во областа на здравството.
OhridNews