Со минималната победа над Србија во квалификациите за мундијалот во Бразил и триумфот против селекцијата на Словенија 3-2, репрезентацијата напредуваше дваесет и осум места.
Пред овие мечевите избраниците на селекторот Чедомир Јаневски беа на очајната 103 позиција која претставуваше најслаб пласман досега во фудбалската историја на македонската репрезентација.
Поразот од Полска во пријателскиот натпревар, во кој настапија фудбалери од Првата македонска фудбалска лига значеше благ пад на рејтинг листата за конечно Македонија да дојде на пристојното 81 место.
Најдобриот пласман македонската фудбалска селекција го има забележано во октомври 2008 година на 46-та позиција.
Од противниците во групата за Светското првенство во Бразил, највисоко котира Хрватска на десеттата позиција, потоа следуваат Белгија (21 место), Србија (38), Шкотска (72), Велс (82).
На првата позиција на ФИФА рејтинг листата за 2012 година ќе заврши актуелниот Светски и Европски првак Шпанија пред Германија и Аргентина.