Договорот за којшто треба да се изјасниме е висок патриотски чин, носи иднина, за државата и за сите граѓани. Овој Договор го гарантира македонскиот идентитет. Македонски народ, Македонец, Македонка, македонски…Обезбедени-еднаш-засекогаш. Oва денеска на прескнференција го изјави Томислав Тунтев, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата.

-Премногу долго бевме во изолација, заробени во бесперспективноста, безнадежноста, без никакви шанси и изгледи да тргнеме напред и да обезбедиме просперитет и иднина како за нас така и за нашите деца. Ова се нови, просперитетни времиња за Македонија и за нејзините граѓани. ВМРО-ДПМНЕ прво треба прво да расчисти со криминалот во сопствените редови и да земе учество во процесот кој овозможува граѓаните сами да одлучат за европска, односно европска македонска иднина. ВМРО-ДПМНЕ мора да сврти нова страница, доколку сака да фати чекор со светлата иднина на нашата државата. – рече Тунтев.

Соред Тунтев, придобивката од Договорот што го потпишаа Владите на Македонија и на Грција е бесценета. Добиваме зајакнат идентитет и гаранција за безбедност, стабилност и просперитетна иднина на нашите граѓани, рече тој.

-Меѓутоа потпишувањето на договорот е само првиот чекор кој води кон она што нашите граѓани го заслужуваат и 27 години го очекуваат. Следува ратификација на договорот која што ќе обезбеди покана за членство на Македонија во НАТО и датум за почеток на преговорите за членство во Европската унија. Потоа обезбедуваме можност граѓаните на Република Македонија да се изјаснат на референдум за ова многу важно и историско прашање, самите непосредно да одлучат за иднината на сопствената држава. Овој народ заслужува сам да се изјасни за иднината на сопствената држава за својата сопствена иднина и за иднината на своите деца. – додаде Тунтев.

Според координаторот Тунтев, ова е шанса да се создадеме простор младите генерации својата иднина, својот напредок да ги градат и создаваат во својата држава.

-На тој начин обезбедуваме безбедност и стабилност за земјата, гарантираме силни институции, правна држава и еднакви шанси за идните генерации. Нема враќање назад кон мрачното време на страв, омраза, понижени граѓани и изолација. Македонија тргна напред, живееме слободно, поврзани со светот, градејќи демократско и економски развиено општество за сите. – истакна Тунтев.

OhridNews