Луѓето уште од каменото време направиле голема мрежа подземни тунели кои водат од Шкотска до Медитеранот, поточно Турција. Германскиот археолог Хејнрих Кус пронашол докази за постоењето на тунели под стотина неолитски населби ширум Европа.


Во својата книга “Secrets Of The Underground Door To An Ancient World” тој тврди дека многу од нив опстанале после повеќе од 12 илјади години, што докажува дека подземната мрежа тунели била огромна. Германкиот археолог истакнал дека во Германија пронашле 700 метри тунели од оваа мрежа, а во Австрија 350. Распространети биле ширум Европа. Повеќето од нив биле широки околу 70 сантиметри, но имало и поголеми места на кои можело да се седне или да се складира стока. Не успеале да ги поврзат сите, но Кус е убеден дека тие заедно прават една огромна подземна мрежа.