Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел не е задоволен од ремито со Баер (2:2) на синоќешниот натпревар од 4. коло на Бундес лигата.
Тухел смета дека неговите избраници требале да го одлучат победникот уште во првите 20 минути.
Имавме добри 20 минути и можевме да го решиме мечот. Потоа неочекувано имавме лоши 20 минути. На ист начин се развиваа настаните во второто полувреме, понекогаш ја контролиравме играта, понекогаш не контролиравме ништо. На крајот се чинеше дека ќе успееме да победиме постигнувајќи го вториот гол. Сепак во судиското надополнување беше донесена тешка одлука против нас. Судијата досуди пенал по интервенција на ВАР. Но, сега не е важно што ќе кажам, изјави Тухел за „Bayern & Germany“.
Баер Леверкузен по четири натпревари води во Бундеслигата со 10 бода. Баерн е на второто место исто така со 10 бода и послаба гол-разлика.
OhridNews