Предводникот на Пари Сент Жермен, Томаш Тухел немаше објаснување после елиминацијата на својот тим од Лигата на Шампиони. „Светците“ изгубија на домашен терен 3-1 од Манчестер Јунајтед, кој успеа да ја надополни негативата 2-0 од првиот натпревар.

Им дадовме два поклон голови во првото полувреме. Со квалитетна игра ги контролиравме работите на теренот, а и реакцијата беше добра после првиот погодок. Во второто полувреме не` ни направија ниту една шанса и имав чуство дека Манчестер Јунајтед не сака да победи. Но, тие стигнаа до посакуваниот триумф и јас им честитам. Незнам дали сезоната овде ни заврши, но мора да продолжиме понатаму и да ги одбранам играчите. – изјави германскиот стратег.

„Црвените ѓаволи“ погодокот за победа го постигнаа од пенал во судиското продолжение кој главниот арбитар Дамир Скомина го досуди после прегледувањето на видео снимка.

Јас сум за видео технологија. Не видов што точно се случи, но сметам дека правилото околу играњето со рака во казнетиот простор мора да се објасни и дефинира. Судијата може да се оправда затоа што правилото не е јасно. – додаде Тухел.

Манчестер Јунајтед е првата екипа во историјата на Лигата на Шампиони која надополни два голови негатива после пораз на домашен терен во првиот натпревар.

OhridNews

ЛШ: ПСЖ на колена, фантастичен кам бек на Манчестер Јунајтед (видео)