Промената на менаџерската позиција на „Стемфрод Бриџ“ донесе позитивен епилог за „сините“, кои прв после два месеци се наоѓаат во топ 4 на табелата во Премиер лигата. Германецот Томас Тухел кој го наследи Френк Лампард забележи четири победи на првите пет натпревари на клупата од Челси. После вчерашниот триумф над Њукасл (2-0) во Премиер лигата, Тухел рече дека екипата работи напорно и затоа резултатите се позитивни.

Добри сме но никако не смееме да мислиме дека имаме нешто големо направено. Свесни бевме дека со победа над Њукасл ќе бидеме во топ 4, но тоа е моментална ситуација на табелата, која утре може одма да се промени. Затоа нема опуштање, туку со уште поголем мотив ќе тренираме да го задржиме курсот на кој сега се наоѓаме. – изјави Тухел.

Пех за „сините“ во победата над Њукасл беше повредата на Тами Абрахам. Напаѓачот настрада во дуел со еден од дефанзвците на Њукасл. Абрахам ќе биде дополнително прегледан и ќе биде одредена неговата пауза.

Челси во следната рунда во Премиер лигата силите ќе ги одмери со Саутемптон.

OhridNews