Туберколозата сеуште е опасна заразна болест од која дневно во светот умираат околу 5.000 луѓе. Според податоците на Светската здравствна организаја објавени по повод 24 март – Светскиот ден на борба против турерколозата, една третина од светската популација е инфицирана од туберколозниот бацил, од кој секоја година се инфицират 9,2 милиони лица.
 
Македонија бележи постојано намалување на бројот на заболени од туберкулоза. Во 2008 бројот на заболени од туберколоза е намален на 483, соопшти Институтот за белодробни заболувања.

Највисок процент на заболени има во Азија -35 отсто и во Африка -25 отсто.  

ТБ-пандемијата значително се зголемува и како последица на големиот број резистентни случаи на туберкулоза и смртната комбинација меѓу туберкулозата и ХИВ инфекцијата. Бројот на болните со ТБ/ХИВ се проценува на околу 12 милиони, а 70 проценти од нив се во субсахарска Африка и 20 отсто во Азија.

Ohridnews