Со мала свеченост што се одржа во новите деловни простории на улица „Македонски просветители“, веднаш до судската зграда, ТТК банка АД Скопје го одбележа  почетокот на работа на новата експозитура во Охрид.


експозитурата на ТТК банка во Охрид

„Еве и Охрид се најде на листата на градови каде што е присутна ТТК банка иако ние ќе кажеме дека сосема случајно експозитурата ја отвораме во шпицот на сезоната“, рече во своето обраќање Николче Петкоски, директор на ТТК банка АД Скопје.

Под ова име ТТК банка постои малку повеќе од една година, но тоа не значи  дека е нова  банка бидејќи во неа се вградени искуството и традицијата на три банки, рече Петкоски. За шест месеци од минатата година постигнавме доста завидни резултати и се надевам дека и во иднина ќе продолжиме со уште поголемо темпо за работа, додаде Петкоски. Тој го потенцираше влезот во ТТК на Европската банка за обнова и развој која е соипственик на 25 % од акциите на банката и дека врз основа на тоа плановите за развој се големи.

Со отворањето на оваа експозитура во Охрид полека го заокружуваме процесот на покриеност во западна Макдонија, останува уште источна Македонија да ја покриеме со две три локации, рече Петкоски. Тој изрази надеж дека и Охрид ќе биде еден од градовите каде ТТК банката покажува добри резултати.


од свеченото отворање на експозитурата на ТТК банка во Охрид

Со охридската ТТК банката  ја проширува мрежата на експозитури на вкупно 25 на територијата на Република Македонија. ТТК БАНКА АД Скопје, настана со процесот на спојување на Тетекс Кредитна Банка АД Скопје и Тетовска Банка АД Тетово и влезот на Европската Банка за Обнова и Развој.

ohridnews