ТТК банка АД Скопје со коктел денеска свечено ја отвора новата експозитура во Охрид, која се наоѓа на улица Македонски Просветители.
На свеченоста на присутните гости од општествениот живот и бизнис заедницата и на претставниците на медиумите, со поздравен збор, ќе им се обрати Николче Петкоски, Директор на ТТК банка АД Скопје.
Со охридската, ТТК банката ја проширува мрежата на експозитури на вкупно 25 на територијата на Република Македонија.
ТТК банка АД Скопје, настаната со процесот на спојување на Тетекс Кредитна Банка АД Скопје и Тетовска Банка АД Тетово и влезот на Европската Банка за Обнова и Развој, завзема значајно место во банкарското работење во земјата.
ohridnews