Црвена Звезда остана без тренер. По прераната елиминација во Лигата Европа од Слован Братислава, Ратко Достаниќ поднесе оставка и одлучи да ја препушти дирегентската палка на некој друг.

– Достаниќ поднесе неповиклива оставка на место шеф на стручниот штаб на Црвена Звезда, која Управниот одбор на клубот веднаш ја прифати. До одлуката кој да го води клубот, со првиот тим ќе работи Александар Кристиќ, помошникот на Достаниќ – изјави гласноговорникот на клубот Марко Николовски.

Достаниќ ќе остане во клубот да работи со младите категории.

Ohridnew