– Српските интернационалци не напуштија, и останавме да се бориме со наши сили. Добро му се спротиставиме на Работнички, но искуството си го направи своето. Уште се надевам на опстанок во елитно друштво, се` може да се случи во последните две кола. Клубот мора да се консолидира, греота е ваква генерација да заврши на неславен начин. Без стабилна управа и финансии, неможе да се работи – потенцираше тренерот на “рибарите“ Цветкоски Миле.
Во претпоследната рунда од првата македонска фудбалска лига, охриѓани гостуваат во Кратово кај Силекс.