Цветкоски Игор од Скопје ќе ја дели фудбалската правда ан денешниот 1/8 финален натпревар на БИлјанини Извори помеѓу Охрид и Шкендија.

Цветкоски минатаа сезноа на двапати беше “главен“ на Билјанини на натпревари од Втората МФЛ.


Една победа и еден пораз е билансот на охриѓани со овој судија. Белите победија на мечот против Дрита 2-1, додека беа поразени на мечот со Миравци 1-3. На двата меча Цветкоски покажа четири јавни опомени за охриѓани.

Помошници на Цветкоски се Адеми Сафет и Саше Тошески од Скопје. Реванш натпреварот од 1/8 финалето од македонскиот куп се игра во 13 часот.

М.П.