Во Берлин започна 47-от Конгрес на ИААФ на кој треба да се извршат некои промени во Статутот и Правилата на ИААФ. На конгресот на ИААФ учествуваат 213 членки, меѓу кои е Атлетската федерација на Македонија со двајца свои представници, Кире Синадиновски ( меѓународен координатор и член на ИО на АФМ) и Иван Цветкоски (член на ИО на АФМ).


Конгресот се одржува пред стартот на 12-то Светско првенство во атлетика за сениори-ки, кое од  15 до 23 август ќе се одржи во Берлин.  Македонија на ова СП ќе ја представува Ивана Рожман во дисциплината 100 метри. Рожман во Берлин заминува со вајлд-карта, а нејзиниот најдобар резултат оваа сезона е 12.07 секунди. Квалификациите на 100 метри за жени се на 16 мај. Рожман за Берлин заминува со нејзиниот тренер Ѓеорги Вучков.

ohridnews