Цветко Грозданов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, е нов преседател на Атлетската федерација на Македонија.

На редовното годишно собрание одржано во Скопје од 25 регистриран клубови присуствуваа 14 од кои 13 со право на глас. Покрај Грозаданов кандидати за нов преседател беа олимпиецот Ване Стојанов од Струмица и Љупчо Јованоски од„ Изгрев“.

Со 13 гласа “ЗА“ за нов преседател беше избран професорот по физичко образование и атлетски тренер од Охрид, Цветко Грозданов. Во обраќањето венаш по изборот Грозданов вети заживување на Атлетиката:

–    Приоритет во периодот кој следи ќе биде создавање на нови атлетски центри во Македонија, подобрување на атлетската инфрастурктура, поставување на тартан подлоги како и отварање на атлетски школи.

На Собранието беа избрани нови тела на федерацијата, а беше извршен и прием на два нови клуба.  На редовното собрание присуcтвуваа преставници на Агенцијата за Спорт и Млади.

ОhridNews