Кандидатот за пратеник во 5 ИЕ од коалицијата “За подобра Македонија “, Цветко Грозданов денеска го обвини  носителот на кандидатската листа од Коалицијата “Сонце”, Јани Макрадули дека  за време на кампањата на граѓаните им испраќа роденденски честитки. ” Со ова, господинот Макрадули заборава дека е кандидат за пратеник, а не дел од мобилните оператори кои на своите корисници на услуги им го честитаат роденденот преку СМС-пораки “, обвини Грозданов.    
   
Тој  ја искритикува и работата на СДСМ.  Според него, Социјалдемократите освен што се занимаваат дали некој носи здолниште или панталони, и им испраќаат роденденски честитки на граѓаните, немаат ништо да понудат.
    
” ВМРО-ДПМНЕ на овие избори нема противник и гласот на граѓаните единствено може да биде даден за нас”, потенцира Грозданов, кој на денешната прес-конференција ги повика социјалдемократите  да им се приклучат на луѓето од ВМРО-ДПМНЕ и да видат како се работи со народот.

ohridnews