Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за денеска закажа прес-конференција на која ќе зборува пратеникот во Собранието од редовите на оваа партија, Цветко Грозданов.

Конференцијата ќе со одржи во 11:30 часот во партискиот центар за комуникации.

Инаку, редовната практика на ВМРО-ДПМНЕ да одржува чести средби и брифинзи со новинарите продолжува и натаму. На последната прес-конференција во Охрид што се одржа на 3 октомври, пратеникот Владо Стефаноски најави дека во втората половина на овој месец, општинскиот комитет на ДПМНЕ ќе го добие новиот претседател.

Ohridnews