Повеќе од 4 часа цвеќарите и волонтерите во Брисел го поставувале најголемиот цветен тепих за чија изработка биле искористени околу 700,000 цветови.

Тепихот оваа година е во африкански стил. Има многу трева и зелени тонови, како и многу шаренило кое ги симболизира африканските народи” изјави организаторот на настанот.
Во изработката на овој невообичаен тепих беше вложено многу труд и работа, а откако точно беа распоредени 700.000 бегонии се доби сликата за најтоплиот континент на земјата.

Бегониите ќе останат свежи уште неколку дена бидејќи секоја од нив се наоѓа во посебен сад во кој има доволна количина на вода , па така туристите ќе можат да уживаат во оваа глетка до крајот викендот.