Сојузот на синдикати на Македонија -ССМ  нема ексклузивно право да ги застапува интересите на работниците, а нивните критики упатени кон независните синдикати не се ништо ново, изјави во Охрид претседателот на Синдикатот за образовалие наука и култура-СОНК, Дојчин Цветаноски. ССМ деновиве го критикуваше независниот синдикат дека постигнатиот договор со Владата е на штета на работниците.

Ќе бев изненаден доколку ССМ не’ не критикуваше, вели Цветаноски, според кого во Македонија сега почнува реален, вистински социјален дијалог со Владата.


„Во Македонија почнува вистински социјален дијалог“-Дојчин Цветаноски

Во врска со доцнењето на исплатата на платите на просветните работници во некои општини, Цветаноски информираше дека тие проблеми се надминати и дека истите се должат на неподготвеноста на некои општини да одговорат на обврските кои произлегуваат од влегувањето во втора фаза на децентрализација.

Цветаноски смета дека влијанието на политиката сеуште е пресудно при вработувањата, па и во образованието, но според него, сега многу помалку во однос на минатото. „Не може на никого да му се забрани да биде член на политичка партија, но услов за вработување никако не смее да биде партиската книшка“, изјави во Охрид, Дојчин Цветаноски.