Стружанецот Здравко Цветаноски ќе има чест да го води Охрид низ мечевите во “повратната“ сезона во првата лига. Охрид нема гледано прволигашки фудбал 15 години, а по успешната сезона во второто по класа друшвто, годинава се селат во елитата.


Среќен сум што ќе имам можност да работам во клуб кој ќе се натпреварува во Првата лига. Задоволен сум од договореното со амбициозната охридска управа и се надевам деке ќе имаме долга и успешна соработка – рече новиот шеф на струката во Охрид, стружанецот Здравко Цветаноски.

Цветаноски првата средба со “рибарите“ ќа ја има попладнево (18 часот) за кога е закажан и стартот на подготовките за новата сезона. На прозивката се очекува да присуствуваат сите фудбалери кои во наредната сезона ќе го носат дресот на Охрид.

Поголемиот дел од фудбалерите добро ги познавам, а со дел исто сум имал и диреткна соработка. Очекувам да се задржи костурот на тимот, а екипата да ја засилиме со нови три – четири фудбалери – истакна Цветаноски.

По првиот собир ќе биде обелоденет планот и програмата за подготовките кои ќе се одвиваат во Охрид.

М.П.