Екипата на Младост Царев Двор го претрпе вториот пораз во пролетната полусезона откако изгуби (1-0) од Силекс на охридскиот стадион Атина Бојаџи.


„Зелено белите“ одиграа анемично и безидејно во нападот, а гостите искористија една од трите убави шанси и го освоија целиот плен.

– Заслужена победа на Силекс. Гостинските фудбалери имаа поголема желба за победа за разлика од моите кои млако и без жар го одиграа мечот. Изгубивме многу важни бодови, кои ги имавме планирано. Мора брзо да се регрутиме, да го пребродиме овој пораз и да се насочиме кон следните предизвици. – рече Здравко Цветаноски.


Гостинскиот стратег Момчило Митевски ги пофали играчите на Силекс кои мечот против Младост го одиграа без грешка.

– Тежок натпревар во вистинска смисла на зборот. Имавме среќа што добро го отворивме мечот, постигнавме погодок во првиот дел и потоа го контролиравме мечот. Нашата цел прво е да обезбедиме пласман во плејофот, а потоа ако ни се пружи шанса да се бориме за излез во Европа. – потенцираше Митевски.

Прва МФЛ: Силекс ги однесе бодовите од Охрид 

OhridNews