Дека Ријана и покрај противењето на бројните пријатели му простила на Крис Браун, докажуваат и фотографиите кои парот секојдневно ги става на своите профили на друштвените мрежи. Дека нивната обновена романса е во полн ек, популарниот пар докажувал секој ден. Најновите фотографии кои ги поделиле со фановите покажале дека обајцата уживаат во секој заеднички момент.
Во неделата утрото Кирс објавил фотогафија на која со Ријана ужива на кауч, лежи и одмара. Крис Браун имал цигаре и делувал задоволно, додека фацата на Ријана во позадина била полу збунета. Очигледно пејачката не била расположена за фотографирање. Во јавноста не зборуваат за својата љубов, но повремено за своите активности известуваат преку друштвените мрежи.