На празникот на жената -8-ми Март , градоначалникот на Охрид  ќе го посети Гинеколошкото оделение  на Општата болница во Охрид. Во таа пригода на родилките ќе им подари цвет и пригодна книга.

Исто така и активистките на женското здружение „Бисера“ ќе го посетат Гинеколошкото оделение и традиционално на првороденото бебе ќе му врачат пригоден подарок.

Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ од Охрид по повод 8-ми Март ќе организира еколошка работна акција со засадување на дрвца на потегот над Билјанини извори во зелениот појас меѓу двете коловозни  ленти.

По повод празникот на жената Клубот на жени на СДСМ – Охрид, ќе организираат 8-мо мартовско дефиле. Такви дефилеа ќе се одржат во сите градови во републиката. На овој начин сакаме да го потенцираме значењето на овој ден, но и да побараме уште едно заедничко право, право на најниска плата за сите, велат жените од СДСМ.

ohridnews