Роднините на осумте бугарски туристи од градчето Антон кои загинаа во потонувањето на бродот „Илинден“ го посетија местото каде на 5-ти септември се случи големата трагедија. Со солзи во очите и неверување гледаа кон езерскиот шир и ги оплакуваа најблиските. Во спомен за нив оставија цвеќе во езерото и на чамец во близина на авто кампот Елешец каде пред четириесетина дена се случи трагичниот настан во кој животот го загубија петнаесет туристи.


Роднините на загинатите бугарски туристи кои на покана на здруженитео „5-ти Септември“ допатуваа во Охрид за да присуствуваат на поменот за жртвите од бродската несреќа го посетија и манастирот Св. Наум. Нивниот престој во Охрид го покрива локалната самоуправа која на овој начин сака да покаже внимание кон луѓето кои во несреќата што се случи во Охридското Езеро ги изгубија своите најблиски.

Ohridnews