По 14 години работа, една цвеќарка морала да се откаже од својот занает бидејќи кај неа се појавила смртоносна алергија на цвеќа.

Но Џен Вас успеала да ја продолжи кариерата отварајќи дуќан специјализиран за продажба на балони и вештачко цвеќе.


„Морав да носам темни очила цело време и имав рани на вратот, но во ниту еден момент не помислив дека тоа е од цвеќињата“ – рекла Вас.

„Лекарот ми рече да си одам дома и да го затворам дуќанот, тоа беше ноќна мора“ – се присетува цвеќарката.

„Се уште ги гледам изложбите на цвеќиња и ми се крши срцето“-додава алергичната цвеќарка.