Според јапонското министерство за земјиште, инфраструктура и транспорт, цунамито на 11-ти март, во морето повлекло 247 бродови, бродчиња и други пловни објекти.

Повеќето од уништените и повлечени во океанските води пловни средства се мали рибарски бродови и чамци.


Потрагата по нив е спроведена од јапонската крајбрежна стража од брегот на северната префектура Аомори до брегот на префектурата Ибараки.

Што се однесува до уништувањата на копното, целосно се уништени 18.803 објекти, од нив 1.165 се потопени во морето, а изгореле 148 домови.

OhridNews
извор: Makfaks