ЦУК: Во најкритичниот период Лазарески беше во Охрид, а Петрески во Австралија
19.03.10 09:00
Центарот за управување со кризи со соопштение реагира на изјавата на градоначалникот на општина Охрид, Александар Петрески, кој на вчерашната прес-конференција во Пештани, го обвини директорот на ЦУК, Панде Лазаревски дека наместо да биде во кризните подрачја, отпатувал во Париз. Во соопштението се наведува дека Лазаревски во Париз учествува на работен состанок на Европскиот форум за намалување на ризици од катастрофи и го афирмира македонскиот модел на Националната платформа.
„Во изминатите недели, додека состојбата на теренот налагаше активно ангажирање на сите институции и ресурси за справување со непогодите, директорот Лазаревски ги откажа сите службени посети и се посвети на секојдневно ангажирање во Координативното тело и посета на погодените подрачја.
За разлика од градоначалникот Петрески, кој во најкритичниот период во охридскиот регион и со незавршени обврски замина на австралискиот континент со се уште неразсјаснета агенда, директорот Лазаревски беше присутен и во Охрид и во Струга, и во Дебар и во Пласница. Во меѓувреме, Центарот за управување со кризи секојдневно учествува на состаноците на Координативното тело за справување со елементарни непогоди и секојдневно е на теренот заедно со другите надлежни служби, за разлика од тимот предводен од градоначалникот Петрески.
Наместо изнесување инсинуации и квалификации во јавноста, г-дин Петрески пред своите граѓани треба да даде одговор на прашањето : колку општина Охрид ги има спроведено обврските кои произлегуваат од Законот за локална самоуправа, Законот за управување со кризи и Законот за заштита и спасување, во деловите кои се однесуваат на задачите и обврските на општинските власти при заштитата од природни непогоди“- се наведува во соопштението.
Завршуваат градежните активности за реконструкција на крак од улиците “Дејан Војвода” и “Македонски Просветители” Денеска на крак од улицата Дејан Војвода се врши асфалтирањ...
Политичките партии ги почнаа активностите за претстојните локални избори што ќе се одржат на есен “Фокус” повикувајќи се на партиски извори објави дека ВМРО ДПМНЕ на локалните избори во...
Кај осумте поголеми ланци на маркети забележан е пад на вкупниот промет за 22,12% во четвртокот и петокот, информираат од Управата за јавни приходи За разлика од минатата недела вториот бојкот спор...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.