-Имајќи предвид какви беа официјалните изјави на претставниците на Владата дека состојбата во Охрид е потполно нормална и дека ништо не се случува, секој, дури и градоначалникот Петрески може да заклучи мирно и спокојно да замине за Австарлија – истакна Црвенковски.
Според него посетата на градоначалникот Петрески на Австралија е голема и недозволива грешка, без разлика кога и како била планирана. Тој потврди дека Извршниот одбор на СДСМ донел заклучок Петрески итно да ја прекине посетата на Австралија и веднаш да се врати во земјата.