Претераната консумација на црвено месо во раните зрели години може да доведе до зголемување на ризикот за добивање на рак на дојка, покажало истражување спроведено на Харвард.

Според зборовите на научниците, намалената консумација на црвено месо, почестиот внес на мешунки, јаткасти плодови, риба и пилешко, доведува до намалување на изгледите за развој на рак на дојка.

Новите резултати се темелат на анализа на податоци собрани од околу 89 000 жени на возраст од 24 до 43 години.

Некои претходни истражувања веќе се поврзани со претераната консумација на црвено месо и месни преработки со зголемениот ризик од заболувања на рак на дебело црево,додава Бритиш Медикал Журнал.

 

извор:metro-portal.hr