Машката ракометна репрезентација на Македонија противниците против кои ќе игра на ЕП во Полска ќе ги чека од третиот барабан, соопшти организаторот.

Покрај Македонија, во третиот барабан се наоѓаат и селекциите на Русија, Германија и Белорусија и со нив избраниците на Ивица Обрван нема да можат да играат во првата фаза.

Групите за ЕП ќе бидат извлечени на 19-ти јуни во Краков, а континенталното ракометно првенство ќе се одржи од 15-ти до 31-ви јануари 2016 година.

Состав на барабаните:

1. Франција, Данска, Шпанија, Хрватска

2. Исланд, Полска, Шведска, Унгарија

3. Русија, Македонија, Германија, Белорусија

4. Србија,Црна Гора, Норвешка, Словенија.

„Макфакс“