Квалификациите за пласман на Олимпијадата во Рио де Жанеиро македонската ракометна репрезентација ќе игра во полскиот град Гдањск.
Иако постоеше можност мечевите од квалификациите да се играат во Тунис или Македонија, сепак, ИХФ одигра на „сигурно“ и го одбра домаќинот на неодамна завршенето Европско првенство.
Олимписките квалификации ќе се одиграат од осми до десетти април, а Македонија во групата е со Чиле, Тунис и домаќинот Полска.
Двете најдобро пласирани селекции во групата обезбедуваат пласман на Олимписките игри во Рио кои ќе се одржат во месец август.
OhridNews