Македонската фудбалска експедиција пристигна во Скопје од далечното гостување во Кина каде во пријателски дуел бевме поразени со 1-0. Селекторот Мирсад Јонуз по враќањето повторно ги потенцираше придобивките од контролната средба.
– Ова беше еден исклучително корисен натпревар. Оптеретувањето околу патувањето се одрази врз фудбалерите, но сепак според прикажаното играчите заслужија најмалку нерешен резултат. Јас како селектор извлеков корисни информации за повеќе фудбалери почнувајќи од Богатинов, Тодоровски, Мојсов, Лазевски, Демири кои што покажаа нешто повеќе од останатите заедно со Алими кој уште еднаш потврди дека е играч со голем потенцијал.
Селекторот Јонуз сака овие репрезентативци потпомогнати со фудбалери од домашниот шампионат под името Олимписка репрезентација да одиграат уште некоја контрола.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com