Македонските репрезентативци оптимистички расположени откако врзаа две победи во серија отпатува во Техеран каде в среда во 15.30ч. го игра пријателскиот дуел со домашната селекција на Иран.
–
Патот преку Истанбул до Техеран беше напорен и наша главна задача тука е првин да ги одмориме и освежиме фудбалерите. Добро е што во договор со иранскиот селектор ќе можеме како и во Струмица да направиме по 7 замени. Информациите што ги имаме за противникот велат дека ќе игра во најсилниот состав како и против Исланд и Јордан, селекции кои беа поразени со по 1-0- вели шефот во “А“ тимот
.
Јонуз верува во нашата добра форма како и квалитетот што го поседуваме и најавува игра на победа со што ќе се продолжи нашата добра серија.
– Ако можевме еднаш да ја освоиме Персија , зошто тоа да не биде и вторпат. На колосалниот стадион Азади се очекува посета од преку 30 илјади гледачи. Временските услови се пријатни.
Селекторот поради повреда односно семејни причини од обврските ги ослободи Илчо Наумовски и Игор Митрески.
ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com