Македонската фудбалска репрезентација од 97-то место на ранг листата на ФИФА ќе го започне квалификацискиот циклус за пласман на Светското првенство во 2014 година.


Скокот на листата се должи на триумфот во пријателската средба против Литванија од 1-0 на “Филип Втори“ арената во Скопје.

Македонија во новиот циклус ќе влезе со нов селектор кој ќе има тешка задача да ја врати довербата во македонскиот фудбал која кај јавноста одамна е загубена.

“Црвено – жолтите“ најдобриот пласман на ФИФА ранкинг листата го имаа со селекторот Среќко Катанец, 46 позција.

Од нашите опонентите во квалификациската група за пласман на Мундијалот, највисоко на листата на ФИФА котира првиот противник на „црвено-жолтите“, Хрватска, кој се наоѓа во Топ 10, на деветото место.

Белгија е на 40-то место, Србија е на 42-то место, репрезентациите  на Велс и Шкотска се наоѓаат на 46-то и 47-то место.

Ohridnews