Македонската А селекција ќе го има првиот собир денес во турскиот зимски фудбалски центар Анталија, каде на неутрален мегдан на стадионот во комплексот Мердан, в среда (15 ч.) ќе ги одмери силите со Молдавија.


Како што е најавено, првиот попладневен тренинг ќе го прескокнат тројца интернационалци, Горан Пандев, Игор Митрески и Ертан Демири.

Македонија во продолжението на квалификациите за СП 2010 на 1 април ќе игра против Холандија. По првите три кола со три бода избраниците на Катанец се наоѓаат на 4 – то место.

М.П.