Со 11 од 25- те повикани фудбалери македонската фудбалска репрезентација го одржа првиот тренинг од подготовките за јунскиот двомеч. Селекторот Мирсад Јонуз сите сили на располагање ќе ги има на попладневниот тренинг кога репрезнтацијата ќе биде комплетна.
 


Новиот кормилар Мирсад Јонуз ќе треба не само да ја поправи играта, туку да поработи и на подгинување на атмосферата која беше падната, што резултираше со дебакл во Холандија.

Натпреварите се голем предизвик за нас, уште од стамиот старт направивме анализа на она што помина. Ќе се работи на поправка на дисцпилината и мотивацијата. Ќе се подготвуваме меч за меч , што значи прво ќе се концентрираме за Норвешка.


>> Репрезентативците пристигнаа во Охрид

>> Новески се пријави, но неговиот настап е неизвесен

Македонија во пресрет на мечот со Норвешка, прв во циклусот има бод повеќе но и натпревар повеќе од “викинзите“. За продолжување на мундијалските амбиции на “црвено- жолтите“ им потребна победа во двата натпревари.

Повеќе од потребни им се бодовите на двете репрезентации. Во текот на оваа  недела ги следевме натпреварите на Норвешка, извршиивме аналаиза и добро ќе се подготивме – завршува Јонуз