Македонија ја оствари втората победа во вториот натпревар во Квалификациите за Евробаскетот 2015, откако во Хорсенс во тесен натпревар славеше над Данска со 81-75.
Дарко Соколов, Марко Симоновски и Водјан Стојановски со по 12 постигнати поени завршија како најпрецизни во нашиот состав, додека по 9 поени додадоа Костоски, Дамјан Стојановски и Трајковски. Во составот на Данска, најефикасен беше Сеилунд кој постигна 17 поени, меѓу кои три тројки од пет обиди.
Од првото место на табелата, нашите кошаркари следниот натпревар го очекуваат во недела против Белорусија.