Македонската кошаркарска репрезентација “десеткувана“ ќе настапи на турниот во Бормио, Италија. Покрај претходно најавениот отказ на Перо Антиќ поради приватни обврски, Докузовски нема да може да смета на плејмејкерот Лестер Бо Мекејлеб, центарот Тодор Гечевски, а на повреда уште во Охрид се пожали и Ристе Стефанов.


“Црвено-жолтата“ чета денес во полуфиналето ќе се сретне со домашната селекција на Италија, додека во другото полуфинале ќе играат Бугарија и Канада.


По турнирот во Бормио, репрезентативците се враќаат во Скопје, каде ќе се подготвуваат се до “Екс Ју“ турнирот кој ќе се игра во Словенија од 5 до 10 август.

“фото Емилио“
Ohridnews