Денешната спортска среда ќе биде црвено-жолто обоена, откако три македонски национални селекции денес ќе истрчаат и ќе ги бранат боите на Македонија.

Први на мегдан (15.30 ч.) ќе истрчаат македонските фудбалски надежи кои на стадионот “Гоце Делчев“ во Прилеп ќе вкрстат против своите врсници од Литванија.

По несреќениот пораз од Англија момците на Бобан Бабунски ќе се обидат да стигнат до првата победа во квалификацискиот циклус за ЕП 2011 година во Данска.


Еден час подоцна, (16.30 ч) погледите ќе бидат вперени во Позњан каде македонската кошаркарска репрезентација ќе игра против Хрватска, Олипискиот вицепрвак во 1992 година. Македонија обезбеди пласман во осминафиналната фаза, а во овој и во наредните мечеви нема што да се загуби, напротив може само да се добие.


20.30 минути дестинација Осло, Норвешка. Најдобрите македонски фудбалери го играат последниот натпревар од квалификациите за СП 2010. И гостуваме на Норвешка, нашите шанси за пласман во баражот се изгубени , но не и можноста како второпласирани да завршиме во квалификациите.

М.П.