Новиот шампион во регионалната СЕХА лига Вардар ја одби поканата од Охрид четвртфиналните натпревари од Купот на Македонија да се одиграат во спортската арена „Билјанини Извори“.
Во првата 1/4 финална група Охрид се наоѓа со екипите на Вардар и Металург Јуниор. Во првиот натпревар охриѓани ќе се сретнат со Вардар, а победникот ќе ги одмери силите со Металург Јуниор.
Охрид веќе е сигурен домаќин на завршницата од Купот на Македонија, а одигрувањето на четвртфиналната група ќе биде одлична најава за спектаклот кој ги очекува охриѓани.
Мх.П.