На големо задоволство од навивачите Андреа Лекиќ и следната сезона ќе биде дел од тимот на Вардар откако српската интернационалка и клубот ги договорија условите за продолжување на соработката до јуни 2017 година.


Со нејзиното останување во Вардар, клубот го заокружува задржувањето на костурот на тимот кој и во следната сезона ќе биде уште посилен. Новиот договорот е потпишан на една сезона, со можност истиот да биде продолжен за уште најмалку една.

– Со задоволство можеме да потврдиме дека и Андреа Лекиќ останува наша ракометарка в година, со што продолжи трендот на задржување на клучните и квалитетни ракометарки во тимот. Таа е важен дел од алката во нападот на Вардар и среќни сме што двете страни го потврдија задоволството од досегашната соработка. Верувам дека и Лекиќ е гладна за нови успеси, исто како што е и Вардар, и посакувам во иднина соработка да биде уште подобра и поуспешна. Убедени сме дека ќе заедно ќе имаме нови резултати на кои ќе се радуваме. – изјави Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар за официјалниот клупски сајт.

Лекиќ беше меѓу првите интернационалки кои дојдоа во Вардар, и како дел од нашиот тим веќе двапати играше на Ф4 турнирот во Будимпешта, каде го освои бронзениот медал.

OhridNews