Бранителот на трофејот во регионалата СЕХА лига Вардар на завршниот турнир ќе настапи без најдобриот ракометар во своите редови Тимур Дибиров.


Руското крило има повреда на мускулот и ќе мора да мирува најмалку седум дена, за да биде 100% подготвен за дуелите со Киелце во Лигата на Шампиони.

– Не можам да играм на фајналфорот во СЕХА, затоа што се повредив. Не е ништо страшно, само скинав мускулно влакно, но морам да паузирам седум дена. – рече репрезентативецот на Русија за „Спортмедиа“.

„Црвено црните“ полуфиналниот натпревар го играат в петок со победникот од четвртфиналниот дуел меѓу Мешков Брест – Нексе.

Мх.П.